Велосипедистите на В.К. & Сервис ИЛИНДЕН од Прилеп не престануваат да редат успеси. Вчера на Држаното првенство хронометар “СТОБИ 2024” во Велес, Константин Костоски го освои првото место во категорија на кадети и по којзнае кој пат се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Влатко Лозаноски беше третопласиран во категорија Мастерс, Андреј Маџоски заврши на петтото место.
За жал Маџоски ден пред трката добил труење со храна, па ова петто место може да се каже дека е рамно на успех.
Утре пат се вози Државното друмско првенство, а прилепчани повторно ќе атакуваат на медали.