Деца со кои Прилеп треба да се гордее: Ученици од СОУ “Орде Чопела” развија “Паметен Еко Панел” и беа наградени со 2.000евра (ФОТО)

Учениците од СОУ “Орде Чопела” од Прилеп: Андреа Гагалеска, Емилијано Стојаноски, Нина Доклеска, Андреј Ѓорѓиоски и Теодора Ангелеска (како членови на тимот „GREEN AIR“), а под менторство на професорот Ѓорѓија Гагалески, освоија награда од 120.000 денари за имплементација на својот предлог проект „ПАМЕТЕН ЕКО ПАНЕЛ“ .

Натпреварот беше организиран од страна на НВО ЛЕАД (Leaders for Education, Activism and Development) во соработка со ФИТР (фонд за иновации и технолошки развој на Република Македонија), а финансиски поддржан од Амбасадата на Шведска во рамки на програмата UPSHIFT (програма за социјални иновации).

Натпреварот се одвиваше во 5 фази, и тоа:

1. Избор на 10 финалисти врз основа на добиените апликации
2. Организирање на онлајн работилница за подготовка на 10-те финалисти (26 МАРТ).
3. UpShift Air Bootcamp за 10 финалисти (04-06 АПРИЛ, СТРУГА) каде преку Design Thinking методологијата, 10 те избрани финалисти ги развија своите идеи во финални решенија/социјални иновации. На самиот настан се презентираа сите решенија и се избираа 5 победнички решенија кои беа наградени со 120.000,00 денари и менторска поддршка за имплементација на своето решение.
4. Дополнително, 5-те победнички тима треба да посетат еднодневна обука за застапување и за обезбедување дополнителна поддршка и средства од заедницата за реализирање на иницијативита, на база на пристапот на crowdfunding;
5. ФАЗА 5 – Имплементација на социјалните иницијативи (АПРИЛ-ЈУНИ), имено со помош на назначен ментор од страна на ЛЕАД 5-те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Покрај тимот на прилепчани, со по 2.000 евра беа наградени и иновациите од уште 4 други училишта низ Македонија: СОУ “Гостивар” – Гостивар, СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани, СОУ “28 Ноември” – Дебар и СУГС “Владо Тасевски” – Скопје

Со реализација на своите решенија, победничките тимовите ќе придонесат кон намалување на штетните последици од загадениот воздух.

Честитки за учениците и нивниот професор и нека оваа нивна посветеност, иновативност и глад за знаење, биде поттик за сите останати.

ВО продолжение фотографии како се подготвуваше “Паметниот ЕКО ПАНЕЛ”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.