Одличниот охриѓанец познат како WIK КАКАROTSKI, направи ексклузивно интервју со припадниците на религиозната група “Лев Тахор”, кои после престојот во Куманово и Скопје сега се наоѓаат во охридско.
WIK интервјуто го направи заедно со Гоце Вегета, а во него ќе слушнете досега непознати факти за оваа религиозна група чие доаѓање во Македонија беше проследено со бурни реакции од јавноста.
Во описот на видеото WIK пишува:
-Дополнително имав средба со представници од с.Лакочереј кој го организирале протестот за протерување на Лев Тахор…. мислам дека со ова видео ќе ја олабајме малку работата, бидејќи сепак гледаме деца и лица кој реално ДА ГИ ДУВНИШ ќе летнет, но не сум јас тука да му судам на некој за домаму шо да прајт и се трудам максимум да ги разберам на сите. Сакам, исто да испратам и голем поздрав до газдата на хотелот Прага кој е хуманист и буквално за егзистенција ги угостил евреите и до полицијата која се грижит цело време за нивната безбедност. Македонците се кроток народ, но сепак се си имат свои граници и како што им кажав и во Лакочереј нека мислет малку на нивниот соселанец од хотелот кој е ставен во нај жешкиот оган. Georgi Goce Cvetkovski Вегета докажа дека е хуманист и многу ми поможи ова да се остварит!