Децата од КК “Мега баскет” Прилеп направија сензација на реваншот

По несреќниот пораз во неделата во Прилеп, каде гостите од Скопје триумфираа после продолженијата, екипата на Мега Баскет вечерва, со висок триумф на гостински терен се врати во плеј-офф серијата за пласман во Втората кошаркарска лига и се избори за мајсторка.

Во спортската сала “Наум Наумовски – Борче”, младата прилепска екипа го победи Маџари со 15 поени разлика (59-74), со што дечките докажаа дека поразот во Прилеп воопшто не ги демотивира од главната цел, а тоа е пласман во повисок ранг на натпреварување.

Мајсторката ќе се игра во Прилеп, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, во сабота (13.05), со почеток од 19часот.

Да ги поддржиме дечките од Мега баскет во што поголем број!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.