Министерот за здравство, Венко Филипче по вечерашнава прес конференција одговраше на новинарски прашања, меѓу кои и за тестовите на лицата кои се во изолација, како и за децата кои се во образовни институции, а сега се дома поради мерките донесени од Владата.
-Доколку се одвиваат работите вака, како што се сега, за децата продолжува да важи мерката, односно сите мерки предложени од Владата, но во наредните денови тоа ќе го соопштиме – рече Филипче.
Во однос на тестовите, тоа е многу важно прашање, рече Филипче, битно е јавноста да знае дека многу е важно да помине периодот на инкубација.
-Затоа е таа изолација, карантин кој трае 14 дена, бидејќи ако се направи тестот порано, може да биде лажно негативен. Доколку тестот се направи порано тој ќе биде негативен, па може човек да се охрабри и да не ги почитува мерките, затоа самоилозацијата трае 14 дена, а потоа следи тестирање- рече Филипче.