Поради дефект на водоводна линија од бунарските постројки дојде до заматување на водата за пиење. Водата е пуштена на “перење” на испусти и количината на резидуален хлор се зголеми, секако во границите на дозволеното – информираа попладнево од Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп.
-Ве известуваме дека од 15ч бунарското построение е исклучено и градот се снабдува со вода за пиење од РИ Студенчица. Стручните служби се на терен и постојано ја мониторираат состојбата. Апелираме до граѓаните на град Прилеп за рационално користење на водата поради новонастанатата ситуација – стои во известувањето од ЈКП Водовод.