Детските градинки “Наша иднина” од Прилеп добија донација од 17 креветчиња

Со формирање на Акциски Совет на заедницата, Општина Прилеп како пилот општина од југозападниот регион на Македонија се вклучи во Националната стратегија во борба против насилен екстремизам, која се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните зaедници во Македонија“, организиран од страна на Центарот за заедничка основа (ЦЗО) со поддршка од Британската Амбасада, кој има за цел да ја поддржи Националната стратегија и акциониот план на националниот координатор во борба против насилен екстремизам и борба против тероризам преку соработка помеѓу локалните чинители, граѓански, верски, младински лидери и локалната и централната власт. Како трета фаза од овој проект денеска се одржа работилница во ЈОУДГ „Наша Иднина“ каде беа донирани и 17 детски креветчиња.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.