Детскиот хор “Мали ангели” од Прилеп, го одржа својот годишен концерт, кој традиционално го подготвуваат пред крајот на секоја календарска година.
Концертот се одржа пред полна сала во киното “Мис Стон”, а дечињата уште еднаш ги воодушевија присутните со прекрасни изведби.
Целта на хорот Мали Ангели е да ја развива музичката култура кај децата во Припел и Македонија, да им отвори на најмладите од овој град нови хоризонти и да ги воведе во тајните на хорското пеење. Хорот функционира од 2009-та година, каде членуваат дечиња на возраст од 9 до 12 години.
Детскиот хор “Мали ангели” фукнционира под покровителство на наставничката по музичко образование Маја Џопа и Пеце Стоикоски.
Во продолжение мал дел од настапот на дечињата: