“Детската Амбасада за Сите Деца во Светот” одржa работилница по повод “Светскиот ден на лица со аутизам”

IMG_20170401_164725

Денес по повод “Светскиот ден на лица со аутизам”, “Детската Амбасада за Сите Деца во Светот”, одржa работилница во која учествуваа деца членови на амбасадата, но и нивни другарчиња.

Работилницата траеше 90 минути, а децата со внимамие ги следеа зададените задачи и успешно ги реализираа. Децата го гледаа документарниот филмот „Дрона и јас“ и се запознаа со Дрона, дете со аутизам, но и со улогата на неговиот брат. После филмот следеше разговор.

Целта беше постигната, децата се запознаа со аутизмот, но и со лицата со аутизам, нивното прифаќање во општеството сега, но и како би требало да бидат прифатени во иднина. Ги увидоа разликите за кој се дискутираше, но за крај напишаа и по една нивна животна желба, која треба да им се оствари во следните 10 години, како и кај Дрона, кој животна желба му е да стане шофер на автобус.

Оваа работилница е резултат од проектот „Ние сме визуелни“ на Мекедокс од Скопје, каде што нашиот едукатор зеде учество на обуката за „Човекови права“.
Детската Амбасада за Сите Деца во Светот ќе продолжи и во иднина да ги реализира овие работилници кои што од оваа година се предвидени со планот и програмата на Детската Амбасада.

IMG_20170401_155422

IMG_20170401_155336




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.