Детокс на вашиот организам во неколку чекори: Загубете го добиениот вишок килограми од празниците

Новогодишните прослави со себе  носат многу храна и алкохол. Иако после првиот залак мислеше дека имаш контрола над својата диета, виртуозноста на кулинарите те изгуби во бран од задоволство. Ако следниот ден се разбуди со чувство на надуеност, отеченост и гадење, не е крај на свет.  Искористи ги овие совети за детоксицаја и врати го телото во нормална благосостојба.

Број 1 наутро – топла вода со лимон

image002

Зошто?

  • Започнувајќи го денот со овој напиток правиш ревитализација и алкализација на телото, активација на метаболизмот но најбитно од ‘се е намаленото чувство на глад во тек на цел ден.

*консумација на една чаша топол зелен чај пред и после оброк го зајакнува метаболизмот и се грижи за правилна дигестија.

Акцент на растителна храна и свежи оброци

image003

Иако претставува искушение да се јаде растителна храна крај толку многу празнични рецепти со месо, при периодот на детоксикација е битно да се консумираат намирници од раститлно потекло. Обилните оброци со овошје, зеленчук, растителни протеини го негуваат здравиот организам.

Намали го алкохолот!!!

Запомни, алкохолот е извор на калории. Ако 1 грам масти = 9 калории,   алкохолот содржи 7 калории. Нашиот мозок не ги прифаќа течните калории на ист начин како цврстите(при консумирање на алкохол се јавува зголемена абсорбција и неконтролиран внес на екстра калории кои подоцна се таложат во масни наслаги).

Крајна белешка: за време на неколкудневна детоксикација исфрли го алкохолот од употреба.

Зголемено конзумирање на вода

image005

Дали сме гладни или само имаме потреба од вода?

  • Луѓето се повеќе грешат околу оваа базална потреба. Хидратацијата е најбитен фактор за телто да ги извршува основните физиолошки потреби а воедно и да ги исфрли сите токсини. Консумирање на повеќе од 2 литри H2O во ден се смета за правилен начин на детоксиација.

Скрши го кругот

image006

Соновите во кои можеш да изедеш 10 парчиња торта без никакви последици на здравјето остануваат само сонови. Иако зависноста од шеќер се негира во секојдневното општество, бројни испитувања покажуваат слична мозочна активација како при повеќекратно користење алкохол и дрога. Празничните десерти нека останат во минато – замени ги со здрави суви овошки(големи количества фитохемикалии, растителни влакна)

 Активирај се!!!

image007

Спортот го забрзува метаболизмот, согорува калории, ги исфрла токсините заробени во масните ткива, го подобрува расположението, придонесува за правилни одлуки.

 

Пишува: Марина Релушкоска

Авторот на текстот е Дипломиран Нутриционист




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.