Дете тешко повредено во сообраќајка во Прилеп

Во Прилеп на ул.„Цане Коњарец“ вчера се случила сообраќајна незгода.

soobrakajka-pesak-640x360-40115

Во незгодата С.Н.(1986) од Прилеп, управувајќи возило„Хонда“ со прилепски регистарски ознаки, удрила во пешакот на возраст од 8 години од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на глава) се здобил пешакот кој од Општата болница во Прилеп е препратен во Клинички Центар-Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.