По информацијата која беше објавена во порталот Лидер , дека попладнево имало експлозија во РЕК Битола, оттаму ја демантираат веста.
Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија.
„За волја на вистината, денес, околу 15:20 часот дојде до “куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенегетскиот систем.“, стои во демантот на РЕК Битола.
Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.
Извор: infomax.mk