Во сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп – Битола кај селото Лагово животот го загуби 66-годишна жителка на Прилеп.
До несреќата дошло кога се судриле возило марка „Пасат“ со скопски регистарски таблички и мотор Хамачи на кого се возеле сега починатата и нејзиниот сопруг.
Јавното обвинителство од Прилеп информира дека до несреќата дошло кога Христоски кои со моторот се движеле на патот од Прилеп кон Битола завртиле во лево за да се исклучат од регионалниот на некој спореден пат, во истиот момент пак возачот на „Пасатот“ се обидел да ги престигне при што се случил сударот.