Во 22 часот и 20минути во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од 60-годишниот Љ.П. од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.
Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.