На 30.08.2018 година во Прилеп на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од Прилеп и мотоцикл „Шерк“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(61) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.
Тој бил пренесен во Градската болница-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.