На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повPеди се здобил возачот С.Д, а со телесни повPеди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот.
На сите повPедени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител – соопштуваат од МВР.