Десет проблеми кои укажуваат на слабо срце, а сите ги игнорираат

Сексуални проблеми, `рчење и крвавење на непцата се проблеми кои повеќето луѓе ги доживуваат барем еднаш во животот и обично не обрнуваат внимание на нив.

srcev-udar-zena

Луѓето обично ги игнорираат овие проблеми. Тие не ни претпоставуваат дека тоа се симптоми на најопасниот убиец на светот, пишува британски „Дејли мејл“.

Кардиологот Џон Ервин открива дека кога артериите почнуваат да попуштаат, симптомите почнуваат да се манифестираат во целото тело.

Ова се симптоми на болести на срцето кои повеќето луѓе не ги забележуваат додека не стане предоцна.

Сексуални проблеми
Многумина мислат дека проблемите во сексот се одраз на психички бариери, а често тоа е точно. Меѓутоа, посебно кај мажите, ова укажува на слаб проток на крвта, карактеристично за болести на срцето. Ако забележите некои од овие симптоми обратете се кај лекар.

`Рчење и слип апнеа
Оваа појава звучи иритантно, но може да биде и смртоносна. `Рчењето може да укажува на кратки прекини на дишењето во сон, кои се сигнал дека постојат психолошки или физички проблеми во организмот кои не се решени.
`Рчењето може да биде знак и за премногу силни отчукувања на срцето кои можат да бидат показател за срцеви проблеми.

Крвавење на непцата
Крвавењето на непцата може да биде последица на сериозна инфекција, пародентоза која може да ја уништи дури и коската на вилицата. Оваа инфекција може да се прошири и да направи жаришта ширум телото. Оваа инфекција значително го зголемува ризикот од срцев удар.

Стегање и болка во лопатките
Многу луѓе се чувствуваат како слон да им седи на градите за време на срцевиот напад. Освен тоа, повеќето луѓе пред да доживеат инфаркт чувствуваат болка во вратот, стегање околу рамениците и пецкање во рацете.

Отекување на екстремитетите
Отекување на рацете и нозете е нормален процес, тој се случува дури и повеќе пати во текот на денот за време на физички активности. Сепак, ако го забележите отекувањето при мирување, или ако отокот не се намалува, постои можност да имате затнување во артериите кое предизвикува отоци.

Проблеми со варењето, киселини и ждригавица
– Многу луѓе доаѓаат во Ургентниот центар мислејќи дека имаат срцеви проблеми, а всушност, имаат киселини во желудникот и ждригавица. Сепак, доколку чувството на печење во градите е проследено со борба за воздух, вртоглавица и чувство на слабост, веднаш јавете се кај лекар – советува доктор Ервин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.