Десетти ден потече река од народ по улиците на Скопје: Народот не попушта, власта не се пишмани (Фото галерија)

Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Народот и вечерва покажа сплотеност и решителност.

„Македонија не е на продажба, информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам! – порачуваат организаторите на протестот.

Илјадници граѓани застанати рамо до рамо вееја македонски знамиња и пееја македонски песни.

Како и секој ден, заедно со граѓаните беа и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.