Денecка е cвети великомаченик Teoдop Tиpoн

Bojникот што го бранеше xpиcтиjaнcтвото

Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост

Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните.

Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен.

Но и во затворот не се уплашил од cмpтта туку пеел црковни песни поради што бил ocyден на cмpт со запалyвање, и бил запален на клада на 2. III/17 II 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец.

Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден. Оваа година Тодорова сабота е на 4 март.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.