Денecка го пpaзнyваме cветиот пpopoк Jepeмиja: Ce вepyва дека заштитyва од змии и гyштepи

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.

Јеремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други …

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосиј. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар, Јосиј, одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано.

Заради ова Јеремија беше фрлен во затвор. Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото затворско прозорче, а Јеремија почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли хартијата во оган.

Промислата Божја го спаси Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пророкот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре таму, што наскоро и се случи. Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците.

На еврејските робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше. Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.

Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го убија царот Седекија, го разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во долината Тотеф, на местото каде што Пророкот го искрши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умре Мојсеј – и овде го скри во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир.

Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил гробот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести погребано во Александрија. Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Јеремија. Затоа и го погребаа како крал.

Го сметаа за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек против каснувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Јеремија против змии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.