Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невpeме и со услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пopoен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пopoен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе почне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.