Денеска со почеток до 17:15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, екипата на Еурофарм Работник го дочекува ѕвездениот тим на унгарски Веспрем.
За битолчани ова е трет натпревар во регионалната СЕХА лига, каде досега забележаа победи над Металопластика и Спартак Москва, а Веспрем победи против Спартак Москва, Загреб и Мешков Брест.
Во Битола синоќа пристигна поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, а со него и Лауге Шмит, Мае, Манасков, Мораеш, Маргуч, Штрлек, Мачковшек…
Во екипата на Веспрем недостасуваат само Штербик, Ненадиќ и Борозан.
„Првпат ќе играм против Веспрем и ќе ми биде задоволство. Ова е празник на ракометот во Битола. Уморни сме, имавме тежок натпревари, но ќе излеземе без притисок против ѕвездите на Веспрем. Во досегашниот дел од сезоната може да кажам дека ниту една екипа не нè надигра и мислам дека имаме квалитет да се носиме со сите екипи. Утре ќе се обидеме да одиграме што е можно подобар натпревар“, истакна босанскиот репрезентативец Стјепановиќ.
„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Ако ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Ние од вчера ги започнавме подготовките за овој натпревар и трениравме во Шпанија. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, рече Алушовски.