Ден на училишни компании во СОУ “Кузман Јосифoски -Питу„

Денес во средното економско  училиште „Кузман Јосифски-Питу„ се организираше Саем на училишни компании насловен како  „ДЕН  НА УЧИЛИШНИ КОМПАНИИ  2017“. Учениците од четврта година имаа можност да ги презентираат  практичните знаења , вештини и способности, стекнати во текот на четиригодишното образование, преку виртуелни училишни компании.

_MG_5483

„Навистина има што да се види и се гледа дека доста научиле, им посакувам  да имаат успешна учебна година, а на матурантите да се запишат на факултет. Ние како локална самоуправа и понатаму ќе продолжиме да вложуваме во образованието со цел поквалитетно образование“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_5396

Целта на саемот беше да се потикне и развие претприемничкиот дух  и сопствената одлука за избор на  дејност.

„Овој настан се случува по 9-ти пат во нашето училиште, токму поради тоа денеска и во наредниве два дена ќе продифилираат повеќе од 600 ученици од основните училишта кои ќе се запознаат со тоа како теоријата од наставата се применува во пракса, посочи Васко Гајтаноски директор на СОУ “Кузман Јосифски -Питу„.

_MG_5404

Во рамките на часовите по практична настава во четврта година,  учениците  регистрират  компанија, аплицираат за соодветно работно место, работа во сектори, тргуваат со други училишни компании, соработуваат со реални партнер фирми отука произлегува креативноста кај учениците, доаѓа до израз при изработката на  рекламен материјал постери, каталози, флаери, визит карти …

_MG_5417

„Денешниот саем е одличен пример да видат учениците како се формира приватен бизнис“,

„Имаме свој штанд на кој се претставуваме со наша банка и сакаме да Ве запознаеме со тоа како работи нашата банка“, посочија во своите изјави средношколците учесници на саемот.

_MG_5478

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.