Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе.
Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол.
Поради трагичниот настан, Советот на Општина Прилеп синоќа одржа вонредна седница и донесе Одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно одлуката денешниот ден, петок 4 октомври е прогласен за Ден на жалост!
Денеска се откажани сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.