На 22 февруари 2017 година во просториите на училишната библиотека на СОУ “Ѓорче Петров” се одржа традиционалната манифестација посветена на “Денот на мајчиниот јазик”.
На литературниот конкурс, организиран од НВО СЕГА, а за учениците на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, на тема: „Ајде да твориме на мајчин јазик“, зедоа учество повеќе млади творци.
Првата награда и припадна на ИванаНастеска од 1-1 клас за расказот „Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна – Ментор: Билјана Тинтоска.
Втората награда и припадна на Ангела Римческа од 1-2клас, за есејот „Моќта на волшебните зборови“, под менторство на Жанета Видевска.
Третата награда ја доби Николче Мојсоски од 2-2 клас за песната „Бескрајност“, под менторство на Лидија Ристеска.
Манифестацијата беше збогатена со присуството на гости од Франција, Баптист Арнауд и Мејди Шарвет, кои прочитаа дела на својот мајчин јазик.
Од сите испратени литературни творби кои учествуваа на овој конкурс ќе биде направена “оnline збирка” и истата ќе биде поставена на веб страните на “ИНФО СЕГА” и на веб страната на училиштето.
[Best_Wordpress_Gallery id=”451″ gal_title=”Obrazovanie”]