На денешен ден пред токму 5 години, Италија и “старата дама” се опростија од големиот “Il Capitano”.
Плачеа илјадници во Торино, но и милиони ширум светот, сите обединети околу името на големиот Алесандро Дел Пиеро.
Meчот против Аталанта, кој Јуве го доби со 3:1 беше последен за Алекс во црно-белиот дрес, тим за кој настапи 518 пати и постигна 208 погодоци.
Вечерва Јувентус веројатно ќе прослави уште едно, седмо по ред “Скудето”, а фановите сигурно ќе се потсетат на моментот кога на овој ден пред 5 години сите ги облеа тага.