Лошите временски услови нема да ги предомислат прилепчани и вечерва да излезат мирно и достоинствено на протестен марш и да се спротистват на најавените сценарија за иднината на Македонија.
Прилеп градот на непокорот, градот симбол на борба и бунтовност вечерва во 19:00 часот пред хотел “Липа” повторно ќе го крени гласот против рушењето на унитарноста и суверенитетот на државата.
53 дена граѓаните се сплотени во име на Македонија, во име на националните и државните интереси и ќе продолжат се додека јасно, јавно и недвосмислено не се отфрли “Тиранската платформа”.