Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.
Денеска е Св. пророк Еремиј.
Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пpopокуваше (поточно, пpopокуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пpopокува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пpopоштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката cmpт.
Бегај, бегај поганиjo ете ти го Еремија. Нашиот народ Еремија го празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.
Иако и на други пролетни празници се изведуват обичаи за заштита од вакви штетници се чини дека тоа најповеќе се прави вечерта спроти Еремија. Во песните што се исполнуваат со овие обичаи Еремија е претставен како митски јунак. Тоа пак, од друга страна, значи дека иако во основата на овој празник е споменот на светиот пророк од Стариот завет – Еремија, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното минато на човекот.
Светиот пророк Еремија живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Во „Книга на пророкот Еремија“ што е дел од Стариот завет на Светото писмо е запишано: „Јас пак одговорив: О, Господи, Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад. Но Господ ми рече: Не вели: Млад сум; – зашто до сите, до кои ќе те испратам, ќе одиш, и се што ќе ти заповедам ќе кажеш. Не се плаши од нив зашто јас сум со тебе, за да те избавам, рече Господ. И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: Ете, Јас ги ставив моите зборови во устата твоја.“ Така од 15 година Еремија станал пророк. Многу од неговите претскажувања се оствариле уште додека бил жив.