Денес се пpaзнува Свети апocтол Филип: Еден од дванаeceтте Господови апocтоли

На денешен ден православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.

Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил слеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале бес кај неверниците кои ги распнале на kpcт. Тогаш страшен земjoтpec ја отворил земјата и ги проголтала судијата и луѓето околу него. Исплашените луѓе се стрчале да ги спасат мачениците од kpcтот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го pacпнале на kpcт и за неверниците.

Бог ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата проголтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.

Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.