Денеска ќе наполнеше 79 години! Сеќавање на Џумерко!

На денешен ден во 1946 година во Прилеп, роден е бардот на македонското театарско, филмско и телевизиско глумиште Благоја Спиркоски Џумерко. Денеска ќе наполнеше 79 години…

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Почина во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

Покрај таа за животно дело, Џумерко е добитник и на следните други награди:

-Награда “Ристо Шишков”
-Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
-Награда 3-ти ноември
-2006 – Награда „Петре Прличко“

Слави роденден меѓу легендите на небото!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.