Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави номинациите за престижните „Оскари“.
Одличјето е претставено со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми. Годинешното, 95-то доделување на наградите ќе се одржи на 12 март, во 24 категории.
Свеченоста на прогласување на победниците е една од најпрестижните доделувања награди во светот на филмот.
Филмот „КОДА“ на режисерот Шан Хедер беше минатогодишен добитник на главниот „Оскар“ за најдобар филм.