Денеска тутунот се цени и послабо од претходно? Тутунарите излажани? Нови протести на повидок?

Тутунарите вријат на социјалните мрежи и најавуваат нови протести.

И покрај постигнатиот вербален договор во петокот помеѓу претставниците на тутунопроизводителите, откупувачите и министерството, утрово социјалните мрежи се преплавени од незадоволни тутунари, кои отишле да го предадат својот род со надеж дека откупните цени ќе бидат реални.

Тие велат дека ништо не се променило и дека тутунот се цени класа-две подолу.

Тутунарите велат дека нема ништо од постигнатиот вербален договор и го повикуваат претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, Менде Стомнароски, да ги повлече поверениците од вагите.

Протестите на тутунарите беа запрени, откако начелно беше постигнат договор во петокот откупот да продолжи од денеска по реални цени.

За петок одново има закажано средба со министерот во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.