Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.
Утринската температура денеска се движеше од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.
Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи.
Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.