Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7, а дневните од 17 до 22 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност.