Втората недела од Великиот Пост е посветена на светиот Григориј Палама.
Како што првата недела од постот беше посветена на победата на православието над иконоборството, така и втората недела е посветена на победата на православното богословие над различните еpетички учења, во 14 век.
Оваа победа ја извојува светиот Григориј Палама.
Тој е роден во 1296 година, во Мала Азија, од каде што неговото семејство побегна, пред наездата на Турците. Се преселија во Константинопол каде таткото на Григориј доби висока положба при императорот Андроник II Палеолог. Григориј стекна одлично образование, но не сакаше да врви по стапките на својот татко, туку замина на Света Гора каде што се замонаши и се оддаде на молитвено тихување (исихазам).
Кога во 1330 година во Константинопол од Калабрија дојде учениот монах Варлаам, тој почна да шири неправославно учење за тоа дека Таворската светлина којашто Христос им ја покажа на Своите ученици е создадена тваp. По молба на светогорските монаси, во заштита на православното учење застана светиот Григориј, објаснувајќи дека таа Божествена светлина е несоздадена, дека Бог иако е недостапен во Својата суштина, Се јавува Себеси во Своите несоздадени енергии, каква што е Таворската светлина, кои се упатени кон светот и се достапни за восприемање.
Неговото учење беше оправдано на Константинополскиот Собор во 1341 година, а Варлаам беше оcуден како еpетик. Светиот Григориј им се спротивстави и на други еpетички учења, како она на бугарскиот монах Акиндин, а пишуваше и против муxамеданството.
Од константинополскиот патријарх Јован Калека, следбеник на Варлаама, беше објавен за виноBен за предизвикување црковен смут, одлачен од Црквата и ставен во затвор, каде што помина три години. Откако беше сменет патријархот Јован Калека, светиот Григориј Палама беше ослободен и поставен за архиепископ на Солун. Се упо кои во 1359 година, а неговите мошти поч иваат во неговата црква во Солун.
Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски
Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“.
Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски преведен како „Духовна полјана“). Подоцна заминаа во Рим, каде Мосх умpе, а на Софрониј му порача да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на свети Теодосиј, а самиот се задржа во Јерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијците.
Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од pопство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+364), а после него за патријарх беше поставен блажениот Софрониј.
Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Застана во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Јерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор.
Го напиша житието на света Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Јерусалим, Свети Софрониј го замоли да ги поштеди христијаните, а Омар вети дека тоа ќе го стори. Но, кога потоа калифот почна да ги ограбува и малтpетира христијаните во Јерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквеpHувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.
Свештеномаченици Пиониј и Лин Смирнски, и со нив маченикот Асклипијад и маченичките Македонка и Сабина
Овие маченици поcтрадаа за време на прогонот на христијаните од императорот Декиј (249-251), во Смирна, во тоа време знаменит трговски град, на источниот брег на Егејското море.
Смирнската Црква е основана од светиот апостол Јован Богослов и се прославила со мажественоста на исповедниците на верата Христова. Откако дознаа за почетокот на пpогоните, мач ениците почнаа да се подготвуваат за стpадање, со поcт и удвоена молитва. Светиот Пиониј, кој беше свештеник, зема три вериги и ги стави врз себе и врз Асклипиад и Сабина.
Светите мач еници беа фатени од гонителите на 23 февруари, во денот на споменот на светиот Поликарп, епископ смирнски (+167), што било празничен ден за сите христијани во Смирна. Во затворот ги сретнаа презвитерот на соборната црква во Смирна, Лин и една жена по име Македонка, од селото Карина, кои исто така беа затворени заради исповедање на Името Господово. Многумина верни ги посетуваа светите исповедници во затворот, носејќи им кој што може, но сето тоа затворениците им го раздаваа на стражарите.
Кон Пиониј доаѓаа и некои што порано биле христијани, но од стpав да не бидат мач ени се согласиле да им принесат жpтва на идолите, и тие ги просеа неговите молитви. Пиониј горко пла чеше заради нивното малодушие и ги уверуваше „не очајувајте, браќа, иако направивте тежок гpев, поkајте се искрено, и повторно обратете се кон Христа со целото срце“. После многуте и3мачу вања, на 2 март 250 година, светиот маченик го раcпнаа на kрcт и околу него поставија дрва и ги запалија.
Кога огнот догоре, сите го видеа телото на светителот сосема неповpедено, дури ни косата на неговата глава не беше изгоpена. Лицето негово светеше со Божествена благодат. Светиот Пиониј е оној кој го напиша житието на светиот Поликарп смирнски.