Денеска се слават Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – заштитници на Струмица

Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици — група христијански светци и маченици од IV век. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во градот Струмица, односно местото каде биле погубени 11 декември се слави како патрон на градот.

Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски.

Во времето на римскиот император Јулијан Отпадник (361-363) бил издаден акт за голем прогон на христијаните од империјата. Јулијан Отпадник како син на Констанциј II и брат на Константин Велики по стапувањето на императорскиот престол ги вратил старите пагански верувања и го отфрлил христијанството издавајќи наредба со која заповедал одмазда врз оние кои нема да се вратат кон старите обичаи. Во градот Никеја или денешен Изник во Турција, во центарот на градот била прочитена наредбата на императорот според која на оние кои ќе се одречат од христијанството им следувало награди. Според Житието голем дел од населението ја избегнале наредбата на императорот и заминале од градот.

Од они кои побегнале биле и Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор кои се населиле во Солун. По краткиот престој во Солун тие заминале кон Тивериопол или денешна Струмица. Во градот Тимотеј станал епископ на Тивериополската црква, Комасиј кој претходно бил војник се замонашил заедно со Евсевиј а Теодор исто така бил епископ и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. По пристигнувањето тие започнале да го проповедаат христијанството меѓу жителите на градот и биле прифатени од страна на Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кој го проповедале делото на Исус во презвитерски чин а заедно со нив служеле Василиј и Тома во ѓаконски чин заедно со монасите Еротеј, Даниил, Харитон и Сократ. Уште тогаш почнала да се шири нивната слава на доследни христијански проповедници и чудотворци.

По некое време за нивното дело во Тивериопол се разбрало во Солун од страна на Валент и Филип кои биле началници на градот и службеници на императорот Јулијан Отпадник. По пристигнувањето во градот тие наредиле пред толпата народ да бидат доведени тивериополските црковни лица, по кое им било речено:

Цело царство се потчинува на царската наредба која гласи дека треба да се поклониме на бесмртните богови… Како само вие се покажавте, наспроти целиот свет, помудри од старите луѓе? “

Тие изјавиле дека и елинските писатели ги нарекуваат боговите неразумни и неморални и дека многу повеќе од нив ја разбираат незнабожечката религија. Но, во едни такви бајки бесмилено било да се верува, па затоа тие ја прифатиле верата бидејќи само тој за нив претставувал Бог. По ова Валент и Филип им поставиле прашање дали ќе пренесат жртва на боговите по кое тие повторно одбиле.

Поради оваа изјава сите биле осудени на смрт со отсекување на главата. По погубувањето телата биле расфрлени а по заминувањето од градот на Валент и Филип жителите на градот ги зеле нивните тела и ги погребале во посебни гробови на кој било напишано името на секој од нив. Петнаесетте маченици од Тивериопол биле погребани во доцноантичка некропола, надвор од градот каде што се закопувале христијаните. Овие маченици пострадале во 361 или 362 година на 28 ноември. Денеска, според јулијанскиот календар, нивното име се слави на 11 декември. Дел од нивните мошти се наоѓаат во црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица.

Повеќе информации прочитајте ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.