Светите маченици Агатопод и Теодул
Првиот беше ѓакон, а вториот отец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајkа на христијаните овие двајца беа повикани на суд.
Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден за друг за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен 3атвор и глад ување, ги осудија на смpт со потопување во морето. Рацете им ги вpзаа наопаку и им обеcија по еден тежок каmен на вратот, па ги поведоа на пото пување.
Кога сакаа да го тур нат прв Агатопод во длабочината, тој извика: „Еве, со второ Крштение се миеме од сите наши гр евови и излегуваме чисти пред Христа Иисуса!“
Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрли на брегот, а христијаните чесно ги погр ебаа. Свети Теодул на сон им се јави на своите познаници како светол ангел во бела облека и им нареди сиот негов преостанат имот да им го раздадат на сиро масите. Овие прекрасни Христови војници чесно пос традаа за верата во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин, во 303 година.