Голем ден за Прилеп и регионот. Започна комлетното реновирање на Општата градска болница “Борка Талески”. За прв пат откако е изградена болницата, ќе бидат реновирани сите одделенија.
Планирано е да се променат подовите, плафоните, електричната инсталација. Исто така ќе се реновираат санитарните јазли, операционите сали, а ќе бидат инсталирани 4 нови лифтови.
Инвестицијата тежи 70 милиони денари и ќе значи премногу за населението од Прилеп и околниот регион.
– Зафатот предвидено е да трае 5 месеци, а ќе донесе далеку подобра здравствена заштита за граѓаните, како и далеку подобри услови за работа за медицинскиот кадар – изјави дирекотрот на болницата, Петар Ристески
Исто така пред извесно време беше набавен нов мамограф, кој ќе биде инсталиран и ќе биде ставен на располагање, како и други апарати, кои ќе ја надополнат здравствената заштита, со цел граѓаните ваквите услуги да ги добиваат во Прилеп.
Овој капитален проект е поздравен со огромна радост од целото население и далеку ќе ја подобри довербата во здравствените капацитети на болницата.
Александар Георгиоски