Времето денеска се уште ќе биде натпросечно топло со дневни температури околу 30 степени, но попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.
Како што соопшти УХМР, значително заладување ќе има утре, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне.
Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).
Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.