18-годишниот ученик во прилепската гимназија – Јордан Ангелески, прв стигна до светиот крст во осветените води на Аква паркот “Салида”, каде се одржуваше централната манифестација за Водици во Прилеп.
На Јодан денеска му е и именден, па среќата го посака да има двоја причина за празнување.
На сите млади им порача да се пријавуваат, но пред се да скокнат во водите за здравје, а не за награди и признанија.
























