Денеска и утре проекции на македонската романтична комедија “Нешто слатко” во киното “Мис Стон” во Прилеп

Денеска и утре (25. и 26.09.2023) од 20.00 ч. во кино МИС СТОН ќе се прикажува филмот „Нешто слатко“. Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 13 и два часа пред проекцијата.

За филмот

„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија, која говори за кариерата на една организаторка на конференции која треба да го сочека гуруто по маркетинг од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него. Филмот е полн со преплети и забавна содржина.

„Нешто слатко“ е симпатично филмско остварување во кое сите чинители од актерската и филмската екипа го дале својот најискрен придонес во финализирањето на идејата. Приказната е забавна, дејството се следи лесно и со насмевка, карактерите на ликовите се детално оформени, камерата е непретенциозна, а музиката е одлична. Тие час и половина, колку што трае филмот, имаат релаксирачко дејство врз гледачот и го оттргнуваат од сите црни психолошки драми, што во последниов период се случуваат во секојдневието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.