Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј: Честит именден Матеј, Мате, Матеја…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 ноември.

Денеска е Св. апостол и Евангелист Матеј.

Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни.

Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовире: „Идеј по мене“. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј, што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. На тоа Исус одговорил: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните…“ (Матеј 9-12)

Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евенгелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.

Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието. На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.

Евангелието по Матеј е најсеопфатно, зашто започнува со настани уште пред раѓањето на Исус и завршува со неговите зборови упатени кон неговите ученици пред да му се врати на Бога Отецот Негов: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги… и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал“.(Матеј, 28/19-20) Матеј често го цитира Стариот завет кога некое сведоштво дополнува некои настани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.