Денеска е Св. бесребреници Кир и Јован.
Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован. Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти. Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.
Денеска, според верувањата и обичаите, треба да отидете во црква и да запалите свеќа за овие светители. Во многу краеви денеска пред ручек се пали свеќа и верниците им се молат на Кир и Јован.
Легендата вели дека тоа носи здравје и среќа за целото семејство.