Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.
Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.
Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до cmpтта на Аврелијан. По излегувањето од затвopoт, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манастирот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. На крајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се ycпокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската