Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска излегуваат на протести. Според најавите, протести се закажани во сите градови во 18 часот пред општинските згради.
Во Прилеп протестот ќе започне пред камената бина на плоштадот “Александрија”.
Вчера за кратко време се собраа потребните 100 иницијални потписи за референдум на државно ниво, откако Собранието ја одби иницијативата на родителите како некомплетна. Потписи се собираа во подрачните единици на ДИК во Битола и во Скопје.
Родителите сметаат дека ова е единствен начин за да се изборат за своите барања поврзани со образовните реформи, бидејќи сметаат дека МОН нема да ги земе предвид нивните забелешки и барања.
-Референдумот е законско право на секој граѓанин. Апсурдно е што таа воопшто не не слуша нас. Апсурдно е да не ги праша родителите дали се за овој Закон или против овој Закон, вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.
За МОН и Царовска пак, апсурдно е да се блокира напредокот на образованието.
-Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, велат од Образование.
“Денеска во 18ч пред камена бина, со порака до Царовска и власта – експериментирајте со вашите деца” – пишуваат родителите на социјалните мрежи.
Нивните барања се следни: