“Денеска македонскиот народ им одржа една голема лекција на сите на Балканот, а особено нас во Црна Гора, како мирно, достоинствено, храбро и патриотски се чува сопствениот идентитет, демократија и сувереност”, соопштија синоќа од политичката коалиција “Демократски фронт” на Црна Гора.
“И покрај незапамтивото мешање на странскиот фактор, двосмисленото прашање, притисоците од Брисел, Белин, Вашингтон, Париз, Македонците денеска покажаа дека слободната волја на народот е посилна од Сорос, глобалистите и нивните марионети. Ја користиме оваа прилика да му честитаме на македонскиот народ на покажаната историска одговорност за зачувување на националното и државното достоинство. “Дeмократски Фронт” ги повикува сите граѓани на Црна Гора да се огледаат на Македонците и сите крупни политички одлуку да ги донесуваме консултирајќи го народот низ гер и слободни референдуми” стои во соопштението на ДФ.
Од овој политички сојуз додаваат дека треба да и служи на честа на Црна Гора, кога нејзиниот премиер јавно се фали дека донесуваат одлуки против кои е 80% од народот.
“Во минатото Македонците завидуваа на честа, силата и слободарството на нашите предци, а во ова време ние со голема почит гледаме на отпорот кој на сите моќници им го демонстрираше тој мал и горд народ. Ако можат Македонците, можеме и ние. Слобода или ништо”, заклучуваат во соопштението на ДФ.