Луѓето кои страдаат од мигрена добиваат ужасни болки. Болките од мигрена тешко се поднесуваат.
Мигрената може да го упропасти животот. Што е уште полошо, не е можно да се отстрани со помош на лекови против болки.
Но што да се прави во овој случај? Малку луѓе знаат дека постои метод кој може да помогне. Станува збор за традиционална народна медицина, која во денешно време е повеќе критикувана, отколку поддржана. На вас останува да одлучите, но нема да погрешите ако се обидете.
Се што ви треба за овој лек се сол и сок од лимон.
Најпрво треба да се одбере сол која е со висок квалитет. Најдобро делува хималајската сол, бидеќи е богата со минерали. Оваа сол содржи 84 елементи, што е повеќе од добро, ако се земе во предвид дека науката познава 118. Солта може да ве спаси од главоболки, мигрена, да го зголеми нивото на сератонин во крвта, да го зајакне нервниот систем…
Она што треба да го направите е да земете чаша со свежо исцеден сок од лимон и да додадете 2 лажици сол. Измешајте, претурете во поголем сад и додадете чаша со вода. Напитокот измешајте го и испијте го од еднаш.
Ф.Г.