Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте

vanhaute

„Делегацијата на Европската Унија во Скопје многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за злоупотреба на ИПА фондовите и секој кој поседува таква информација треба да ја достави до ОЛАФ ( канцеларијата за борба со злоупотреби на европскиот буџет)“.

Ова е реакција на делегацијата на ЕУ по јавното обвинување кое дојде од страна на поранешниот посредник во разговорите меѓу партиите Питер Ван Хауте.

Денеска, на последниот работен ден како најверојатно најлош и најпристрасен медијатор во историјата, Питер Ванхауте јавно повика на насилно преземање на власта . За фламанскиот провокатор – менување на власта на избори веќе не е опција.

-Истиот Ван Хауте кариерата во Македонија ја започна со статусот дека Македонија е сопственост на Грција и ја спореди со Грузија и Русија. Продолжи со секојдневни зајадливи коментари илустрирани со мачиња, а меѓу неговите најпознати изјави е онаа кога фатен во кафеана со сивата еминенција на Сорос во Македонија, Владимир Милчин, луцидниот Ванхауте изјави дека дури и во оваа земја имал право на приватност. Сепак, поради нескриените обожаватели, белгиецот останува да рабтои во Макеоднија во невладиниот сектор. Очигледно, средбата со Милчин и не била бадијала. Еден од коментарите на социјалните мрежи е во иднина – Брисел да почне да практикува и прегледи на менталниот склоп на своите избраници, превентивно за да се избегнат вакви случаи, пренесе Република.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.