Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде ќе се одржи централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
Македонскиот претседател, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
На церемонијата беше најавено присуство на над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.