Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Нивната возбуда и насмевки ја исполнија празничната атмосфера и го создадоа вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени – oбјави на социјалните мрежи, Министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија.
На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, упативме пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижиме за нив и за нивните семејства. Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење – напиша Мисајловски.





























